Менталното здравје и исто толку важно колку и физичкото!
Во петок, 7 мај, разговараме со психолог Ивана Ѓоргиевска за тоа како пандемијата, во комбинација со училишниот стрес, влијае врз младите.
Честопати младите не се свесни дека нивното здравје е под удар. Информирајте се како да ги препознаете раните знаци на анксиозност и депресија, за да можете полесно да ги избегнете или надминете. Во разговор со психологот ќе дознаете корисни техники на справување со стресот, а секако ќе можете да поставите и ваши прашања.
За гостинката:
Ивана Ѓоргиевска е дипломиран и лиценциран психолог.
Вработена е во ЈЗУ Здравствен Дом ,,Д-р Хаим Абраванел’’ во Битола во школска служба за деца од 6-18 год.Таа е Гешталт едукант и психотерапевт под супервизија во ,,Анима’’ Центар за личен развој,психотерапија и едукација, а исто така е и активен член во Здружение на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни ,,Рилука’’ - Битола каде што меѓу другото, работи и со деца со атипичен развој.
Настанот е иницијатива на The Body & Mind Initiative, поддржан од програмата „Младите за заедницата“ на Американско катче Струга.
Напомена: Настанот ќе се одржи на македонски јазик.
Пријавување до 6-ти мај на следниот ЛИНК.