Почитувани,
Американските Катчиња во нашата земја во соработка со Асоцијацијата за едукативни, развојни и економски политики ФОКУС ПОИНТ - Битола, ве покануваат на најновата програма за изучување на англиски јазик - Legal English.
Оваа програма е наменета за сите студенти, правници и правни теоретичари кои сакаат да го подобрат својот англиски јазик, преку активна комуникација и вежби. Во текот на оваа 6 неделна програма, учесниците ќе се среќаваат со материјал кој е насочен кон правни термини и вокабулар. Времетаењето на една сесија ќе биде два часа.
Курсот официјално започнува на 18 април во 18:30 часот и ќе се одржува онлајн на платформата ZOOM .
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк наjдоцна до 15-ти април, 2024.