Американското Катче Штип во соработка со Американското Катче Битола ве покануваат на онлајн презентација на тема "Подкаст и радио емисија" во среда - 27 јануари во 18:30 часот. Гости говорници на овој виртуелен настан, ќе бидат Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на Универзитетското Радио „Гоце Делчев“ во Штип и Тони Михаилов, новинар во Универзитетското Радио „Гоце Делчев“ во Штип.
Доколку сте љубител на ваков тип на медиум и сакате да дознаете повеќе околу организацијата на една емисија регистрирајте го вашето присуство на емаил: shtip@americancornersnmk.org со цел да го добиете соодветен линк за присуство.