Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје има особено задоволство да ве покани на нашиот ТРЕНИНГ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И АКТИВИСТИ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ НА НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА кој ќе се одржи на 28 септември 2020 година /четврток/ од 12-14 часот на платформата ЗООМ.
ЗА ДА ВИ ДОСТАВИМЕ ЗООМ ЛИНК, ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА shtip@americancornersnmk.org.
Тренингот е наменет за претставниците на органите на локалната самоуправа, државните органи, локалните граѓански организации и активисти и е фокусиран на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за постапување по претставки и предлози на локално ниво.
За учесниците на настанот ќе бидат обезбедени сертификати за учество. Овој настан е дел од проект делумно поддржан од Амбасадата на САД и ќе се реализира во соработка со Американското катче – Штип.
За дополнителни информации може да се обратите на events@isie.org.mk