Во продолжение на серијата на настани за можности за волонтирање на младите, а во организација на EducationUSA North Macedonia, следува настан со фокус на Еразмус+ програмата која нуди можност за размена на студенти и едукатори меѓу европски земји и, во некои случаи, земји-партнери надвор од Европа.
Директорот на Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност (НАЕОПМ), м-р Марко Ѓоргиевски, ќе сподели повеќе за досегашните можности и ресурси за младите како и успешните приказни и вредноста која ја добиваат учениците и студентите од кратките студиски престои во странство.
Настанот започнува во 13:30 часот на 12ти април во просториите на Американското Катче Скопје и онлајн. Сите заинтертесирани ќе можат да се регистрираат кај FMilenkoski@educationusa.org.