Основан во 1846 година, Гринел Колеџ (https://www.grinnell.edu/) е континуирано рангиран како еден од најдобрите liberal arts факултети во САД. Нивниот директор за прием на меѓународни студенти, Џон Едвардс, доаѓа во Американското Катче Скопје на 8 ноември. Во 19:00 часот, г-динот Едвардс ќе одржи презентација за предностите да се студира на Гринел како и за тоа што значи да се студира на liberal arts факултет и кои се чекорите за упис. Настанот ќе биде хибриден, со публика во живо и онлајн. За потврда на присуство, слободно пратете меил на: btasetovikj@educationusa.org