Почитувани,
Американското Катче Битола, Асоцијацијата Пелагонија и Француската Алијанса Битола трета година по ред на почетокот од есента се посветуваат на поезијата и нејзините млади творци!
„Те молам, извини, благодарам“ е темата на која што заеднички ги повикуваме сите тинејџери кои сакаат да творат на македонски, англиски, француски или грчки јазик.
Целта на овој отворен повик е да се потсетиме сите заедно дека љубезноста е секогаш во мода!
Испратените творби ќе бидат уредени и издадени во заедничко електронско издание од страна на организаторите.
Детали за учество на повикот:
- Секој/а заинтересиран/а ученик/чка може да достави неограничен број на свои оригинални творби на еден од следните јазици: македонски, англиски, француски или грчки;
- Секоја поетска творба може да биде придружувана од една (1) слика или фотографија изработена од страна на истиот/тата ученик/чка, со цел додавање на илустрација на сопствената поезија;
- Творбите да се испратат најдоцна до 31.10.2022 на електронската адреса: bitola@americancornersnmk.org;
- Со испраќањето на творбите, авторите се согласуваат истите да бидат јавно објавени во заедничкото електронско издание.
Електронското издание ќе биде презентирано пред битолската публика на јавен настан!
Секое добро,
Американско Катче Битола