Во сабота (25ти декември) со почеток од 17:00 часот Ве покануваме на нашата Божиќна вечер организирана заедно со Француската Алијанса - Битола и Испитен Центар Пелагонија!
Ве покануваме да ни се придружите во дворот на О.У. Гоце Делчев - Битола и да ги прославиме престојните празници со песни, божиќни колачиња и топол чај согласно протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.
Важно: Споделете со вашите другарчиња бидејќи присуството е задолжително за сите вие кои сакате да си поминете незаборавно!
Ве очекуваме!